Богданци со публика за елита – дури и поголемите суперлигаши би позавиделе!

181

Амбициозниот прволигаш Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата клупска историја, откако стана есенски шампион без загубен бод.

Избраниците на Горан Андоновски, доколку продолжат со исто темпо и во вториот дел од натпреварувачката сезона, тогаш суперлигашкиот ракомет ќе се врати во Богданци.

Голема улога во овој успех на клубот имаат и навивачите, кои без разлика на ривалот што гостуваше, ја исполнуваа спортската сала „Млаз“ речиси до последното место.

Од редовите на Младост објавија дека на секој домашен натпревар во салата имало во просек од 800 до 900 гледачи, бројка на која можат да и позавидат и многу големи суперлигаши.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT