Со насмевки, спортски дух и заедништво, РК Делчево ја заокружи 2025 година на најубав можен начин – преку пријателски натпревар во сите генерации против екипата на Илинден Вардар од Скопје.
Настанот помина во одлична атмосфера, каде резултатот беше во втор план, а дружењето, фер-плејот и љубовта кон ракометот беа во фокусот.
Ваквите спортски дружења имаат големо значење во спортот, бидејќи придонесуваат за јакнење на пријателствата меѓу клубовите, размена на искуства меѓу младите играчи и промоција на вистинските спортски вредности.