НБА резултат под Марковите Кули: Прилепчани подобри од Вардар

40

Во дерби натпреварот од групата А во Првата кошаркарска лига се сретнаа екипите на Мега Баскет и Вардар, а триумфираа прилепчани со 111:107, нанесувајќи им го вториот пораз по ред на „црвено-црните“.

Двете екипи сега имаат по осум победи и два порази и се на делба на првото место во групата А. За тимот од Прилеп ова претставува одличен успех во досегашниот тек од сезоната и, доколку се оди според планот, Мега Баскет би требало да обезбеди пласман во плеј-оф разигрувањето.

Истото важи и за Вардар, кој располага со талентирани играчи, дел од нив и репрезентативци во младинските категории, за кои секој натпревар на сениорско ниво претставува големо искуство.

Кај победничкиот табор, Враниќ реализираше 27 поени, Димитриоски додаде 21, новајлијата Димитриевски имаше 19, додека Пантелиќ запиша 12 поени.

Во екипата на Вардар, одлично поентерско издание имаше Ѓорѓевиќ со 29 поени, Митревски постигна 22, Терзиевски 21, а Стојановски додаде уште 15 поени.

ТАБЕЛА

1.Вардар 10 8 2 906:765 18

2.Мега баскет 10 8 2 917:827 18

3.Охрид 10 6 4 775:742 16

4.Водно санс 9 5 4 796:702 14

5.Црн Дрим 9 4 5 720:725 13

6.Тетекс ТТК 9 2 7 649:675 11

7.Младинец 9 0 9 614:839 9

 

 

 

SPORT