Кам-бек кој инспирира – капитенот на кавадарчани потсетува дека секој труд вреди

230

За екипата на Тиквеш, есенскиот дел во суперлигашкото друштво може да се оцени како успешно. Избраниците на Грчевски ги оправдаа очекувањата и славеа на натпреварите на кои важеа за фаворити, со исклучок на киксот против Пролет во првото коло.

Сега Тиквеш е на добар пат да обезбеди пласман во плеј-офот и напролет повторно да се бори за Европа. Есенскиот дел го заврши на петтото место со 18 бода, а еден од најзаслужните за добриот тимски дух и резултатите на кавадарчани е капитенот Страхиња Симиќ.

32-годишниот Симиќ, кон крајот на минатата година мораше да направи операција на рамото поради повреда добиена на турнирот во Струга минатото лето, поради што неговиот процес на рехабилитација траеше подолго.

По успешното враќање, тој полека влегува во ритам, а преку социјалните мрежи испрати силна и емотивна порака, со кој го опиша својот кам-бек на ракометните терени.

„Благодарен, среќен, горд, привилегиран. Сите тие битки, особено најтешките – внатрешните, ги добив. И да, никој не рече дека ќе биде лесно…Благодарам на сите кои беа со мене на овој мој пат на враќање, кои веруваа и застанаа покрај мене безусловно.“

Ракометарите на Тиквеш во преостанатите четири кола од регуларниот дел ќе играат против Радовиш, Прилеп, Куманово и Бутел.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT