Селекторот на Словенија, Урош Зорман, се соочува со големи проблеми пред настапот на Европското првенство 2026, кое ќе се одржува во Данска, Норвешка и Шведска.
Довчерашниот член на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте, го известил Зорман дека нема да учествува на претстојниот континентален собир поради семејни обврски.
Искусниот Цехте, кој се пресели во Фуксе Берлин, не е единствениот кој го откажа учеството на Европското првенство. Покрј Цехте, Зорман нема да смета ниту на Блаж Благотиншек и Борут Мачковшек, кои исто така го откажаа учеството, како и на повредените Миха Зарабец, вардарецот Јака Малус, Тадеј Кљун…
На списокот се наоѓаат двајцата членови на Еурофарм Пелистер – Домен Тајник и Ник Хенигман. Зорман и неговите избраници подготовките ги започнаа вчера, а пред настапот на Европското првенство ќе одиграат пријателски натпревари со Кувајт, Исланд и Франција/Австрија.
Словенија во групната фаза ќе се соочи со репрезентациите на Швајцарија, Црна Гора и незгодната селекција на Фарски Острови.
