Вардарецот Еспиња извиси за ЕП, Переира повика нов голман за Македонија

51

Членот на Вардар и репрезентативец на Португалија, Мигел Еспиња, нема да брани на претстојното Европско првенство, на кое неговата репрезентација е еден од ривалите на Македонија во групната фаза.

Еспиња, кој со месеци паузираше поради повреда, до последен момент беше во комбинација за настап на континенталниот собир, но селекторот Пауло Переира одлучи да повика нов голман.

На местото на Еспиња ќе биде Педро Тунишер, а Переира за Европското првенство нема да може да смета ниту на Диего Рема, па ќе се потпре на Густаво Капдевил од Бенфика и Диого Валерио од Олимпијакос.

Португалија настапот на Европското првенство ќе го започне на 16 јануари против Романија, потоа на 18 јануари силите ќе ги одмери со Македонија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одигра на 20 јануари против Данска.

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT