Екс играч на Тиквеш му „пренесува“ знаење на Американците за Олимписките игри

1.064

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Дарко Кондев, кој веќе две години живее во САД, продолжи со ракометот во новата средина.

Екс членот на Тиквеш игра за тимот на Денвер, а на првите два одиграни турнири од американскиот шампионат се најде меѓу најдобрите пет стрелци.

Кондев во Македонија, покрај Тиквеш, настапуваше и за првиот и вториот тим на Металург. Додека беше дел од Тиквеш, редовно беше меѓу најдобрите стрелци, но и меѓу најдобрите крила во македонската Супер лига.

Репрезентацијата на САД веќе се подготвува за настапот на Олимписките игри во Лос Анџелес (2028), а Кондев со своето искуство и квалитет се наметнува како еден од носителите на играта во својот тим, но и како важна алка во развојот на ракометот во Америка.

Левото крило на репрезентативно ниво имаше забележано настапи за кадетската и младинска репрезентација на Македонија, а неколку пати беше и на поширокиот список кај сениорите.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT