Еден од најважните алки во тимот на ТФТ, Страхил Николов, го продолжи договорот со тимот од Тафталиџе и во поранешниот Куп освојувач на Македонија ќе остане уште најмалку три сезони. Крилниот играч, кој има 24 години, својата кариера ја започна токму во ТФТ, а за претстојната сезона имаше неколку понуди од други суперлигаши, но тој одлучи и понатаму да ги брани боите на а скопските „црно-бели“. Младиот кошаркар во минатата сезона настапи на 31 натпревар во прволигашката конкуренција бележејќи просек од 8.7 поени, 5.1 скок и 1.7 асистенција за просек од 28 минути поминати на теренот, а има искуство и од АБА 2 лигата. ТФТ во првото коло од новата сезона во домашниот шампионат за ривал го има дебитантот Куманово.
Претходна вест