Машката ракометна репрезентација на Македонија, како дел од подготовките за настапот на Европското првенство, ќе учествува на турнирот со богата традиција „Жолтиот Куп“ во швајцарскиот град Винтертур.
Македонската експедиција веќе пристигна во Швајцарија и денеска од 18:00 часот ќе го одржи првиот тренинг во пресрет на утрешниот натпревар против Бахреин. Покрај селекцијата на Бахреин, Македонија ќе ги одмери силите и со Украина и со Швајцарија.
Распоред на натпревари:
08.01, 20:30, Македонија – Бахреин
09.01, 17:45, Македонија – Украина
10.01, 18:30, Македонија – Швајцарија
На 11 јануари е планирано заминувањето во Данска, а на 13 јануари Македонија ќе го одигра последниот контролен натпревар пред настапот на континенталниот собир, против данскиот второлигаш Митјиланд.
Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска, стартува на 15 јануари. Македонската репрезентација се наоѓа во група со Данска, Португалија и незгодната Романија, а пласман во главната фаза ќе обезбедат само двете најдобро пласирани селекции од секоја група.
Распоред на натпревари на ЕП:
16 јануари, 20:30, Данска – Македонија
18 јануари, 18:00, Македонија – Португалија
20 јануари, 18:00, Македонија – Романија