Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе го стартува своето учество на традиционалниот турнир „Жолтиот Куп“ во швајцарскиот град Винтертур.
Покрај домашната репрезентација, на турнирот ќе настапат уште Бахреин и Украина, а нашата селекција првиот натпревар ќе го одигра против азискиот претставник.
Селекторот Кирил Лазаров за овој дел од подготовките повика 19 ракометари и се очекува сите да добијат шанса на трите контролни дуели.
Натпреварот со Бахреин е закажан за 20:30 часот и може да го следите на странициата „Swiss-sport.tv“, односно ОВДЕ.