Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет вчера ги стартуваше подготовките за вториот дел од тековната сезона во прволигашката конкуренција.
Тимот од Свети Николе одигра солиден есенски дел, завршувајќи на делба на второто место на табелата заедно со Ѓорче Петров 2.
Тренерот Илија Бетувски подготовките ги започна со истиот ростер од првиот дел од сезоната, што значи дека и понатаму ќе може да смета на неколку искусни ракометарки во составот.
Овче Поле Славјански Универзитет го имаше и најдобриот стрелец во првиот дел од сезоната – Анастасија Сентовска, која на 11 натпревари постигна вкупно 104 погодоци. Во ТОП 5 стрелците се најде и Елена Вучевска со 63 погодоци на девет натпревари.
Овче Поле Славјански Универзитет – клуб со јасна визија и фокус на младите