🎥Борба за ТРОФЕЈ: Македонија – Швајцарија (ВО ЖИВО)

1.026

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар на традиционалниот турнир „Жолтиот Куп“ во швајцарскиот град Винтертур.

Избраниците на Кирил Лазаров на натпреварот со Швајцарија ќе се борат за трофејот на престижниот турнир, а доколку го освојат првото место, тоа ќе им даде дополнителна самодоверба пред настапот на Европското првенство.

Исто како Македонија, и репрезентацијата на Швајцарија славеше на дуелите против Бахреин и Украина. Домаќините имаат гол-разлика од +14, додека нашата репрезентација е со +9. На Швајцарците им одговара и реми за да го освојат првотото место, а натпреварот, кој започнува во 18:00 часот, можете да го следите на страницата „Swiss-sport.tv“, односно на овој ЛИНК.

СРЕЌНО МОМЦИ!

Следете нѐ на социјалните мрежи – Facebook и Instagram

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT