📷Кога трибините се со МАКЕДОНЦИ – ни домаќинот не е домаќин!

95

Машката ракометна репрезентација на Македонија на последниот натпревар на турнирот во Винтертур одигра храбро против домаќинот Швајцарија. Иако губеше во поголемиот дел од натпреварот, нашите ракометари се вратија кога најмногу требаше и се изборија за реми, 29:29.

Македонија претходно забележа победи над Бахреин и Украина, кои денеска играа за третото место, а во тој дуел славеа Украинците. Швајцарија, пак, поради подобрата гол-разлика го освои трофејот на „Жолтиот куп“.

На сите три натпревари, нашите момци имаа поддршка од трибините, но на денешниот дуел со домаќинот таа беше особено изразена и дополнителен мотив за избраниците на Кирил Лазаров, кои се чувствуваа како да играат на домашен терен.

Со оглед на тоа што станува збор за викенд, бројни нашинци од Австрија и околните земји ја наполнија салата во Винтертур и мотивационо ги испратија ракометарите на Европското првенство кое ќе стартува на 15 јануари.

ФОТО: РФМ
ФОТО: РФМ

 

Македонија се врати во егал и одигра реми против Швајцарија

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT