Кавадарчани имаат топла сала – одржале само два тренинзи во Негорски Бањи!

225

КК Тиквеш е еден од суперлигашките клубови кои и во овој зимски период имаат услови и за тренинг и за одигрување натпревари во спортката сала „Јасмин“.

Кавадаречкиот клуб беше приморан два тренинзи да одржи во Негорски Бањи, но не по своја вина – два тајфуна што се користат за греење на салата морале да бидат позајмени во друга спортска сала.

Суперлигашот од Кавадарци бил и против одложувањето на вториот дел од Супер лигата, која ќе стартува дури на 24 јануари, бидејќи повеќето екипи не ги исполнуваат пропишаните услови, а според информациите, Тиквеш има обезбедено доволно нафта за главното греење на салата.

Кошаркарите на Тиквеш ги очекува тежок предизвик во продолжението од сезоната, бидејќи есенскиот дел го завршија на 10. позиција со 14 бода.

 

Зимски маки: Играчите на Тиквеш тренираат во друг град?

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT