Утре стартува 17-то издание на Европското ракометно првенство, на кое домаќини се три земји – Данска, Норвешка и Шведска.
Нашата репрезентација на континенталниот собир ќе го има своето деветто учество, осмо во низа. Првото учество на Македонија на големите натпреварување беше Европското првенство 1998 во Италија.
Деби настапот Македонија го заврши на 12. позиција, но беше во тешка група и си замина со еден освоен бод, оној против силната Русија во рамките од 2. коло.
Македонија првиот натпревар го играше против Унгарија, а првиот гол, на кој се чекаше четири-пет минути, го постигна Томе Петрески.
58-годишниот стратег својата играчка кариера ја започна во Прилеп, во некогашниот ТК Бренд, потоа играше во соседна Битола, поточно во Пелистер, па започна интернационална кариера.
Во Македонија беше тренер на Прилеп, Тиквеш, Младост, машкиот и женскиот Пелистер…а веќе неколку сезони успешно работи во Франција, каде што имаше одлична кариера во најдобрите ракометни денови.