Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство 2026, кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска.
Во рамките на второто коло од групната фаза, избраниците на Кирил Лазаров ќе се соочат со Португалија, која на стартот славеше над Романија.
Со евентуална победа над Португалија, нашата репрезентација ќе биде на чекор до пласман во главната фаза на континенталниот собир.
Натпреварот меѓу Македонија и Португалија започнува во 18:00 часот, а ќе можете да го проследите на МРТ 1 каналот, односно на овој ЛИНК, на Арена Спорт програмата, како и на ЕХФ ТВ.