Кузмановски повтори рекорд стар 17 години

98

Иако беше аутсајдер, машката репрезентација на Македонија со двете одбрани на Мартин Томовски во последните секунди успеа да остане непоразена од Португалија, 29:29, со што остана во игра за пласман во главната фаза на Европското првенство.

Перфектен меч имаше капитенот Филип Кузмановски, кој успеа да постигне 15 погодоци и заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот. Со ваквиот учинок, битолчанецот се изедначи со редок репрезентативен рекорд во репрезентативната историја, кој со години го држеше актуелниот селектор Кирил Лазаров.

Македонскиот селектор во 2009 година, на натпреварот против Јужна Кореја за 11. место на Светското првенство во Хрватска, постигна исто така 15 погодоци.

Кузмановски: Игравме со срце и душа за Македонија

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT