Од Краков 2016 до Хернинг 2026: Го „крпеа“ на терен и даваше голови со пукната аркада – денес вистински лидер

236

Машката ракометна репрезентација на Македонија остана со шанси за главна фаза на Европското првенство, откако одигра реми против Португалија, 29:29

Перфектен меч имаше капитенот Филип Кузмановски, кој успеа да постигне 15 погодоци и заслужено беше прогласен за МВП на натпреварот.

Популарниот Фитиљ, своето деби на големите натпреварувања го имаше на Европското првенство 2016, кое се одржуваше во Полска.

Откако Кузмановски ја одигра партијата на кариерата на дуелот со Португалија, новинарката Билјана Благоеска-Петрушева се потсети на неговите почетоци на големата сцена.

,,Ракометен времеплов инспириран од вчерашниот меч… КРАКОВ 2016 – ова е детето што го матираше големиот Омејер во својот прв настап на ЕП, го “крпеа” на терен и даваше голови со пукната аркада…ХЕРНИНГ 2026 – “небрусениот дијамант” десет години подоцна е капитен и лидер што ја предводи Македонија во нови подвизи, достигнува рекорди и игра со истиот тој жар со кој тогаш како најмал со големите, со трема во колената, за прв пат истрча на големата сцена!

Македонската репрезентација денеска ќе игра против Романија во рамките од последното коло од групната фаза на Европското првенство.

Дали ќе избориме пласман во главната фаза или ќе се вратиме дома, ќе зависи најпрвин од исходот на нашиот натпревар, а доколку победиме, и од дуелот меѓу Данска и Португалија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT