Ако Македонија мине понатаму, во главната фаза ја чека вистински пекол!

218

Македонската репрезентација денеска ќе игра против Романија во рамките на последното коло од групната фаза на Европското првенство, кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска.

Дали ќе избориме пласман во главната фаза или ќе се вратиме дома, најпрвин ќе зависи од исходот на нашиот натпревар, а доколку победиме, и од резултатот од дуелот меѓу Данска и Португалија.

Доколку се поклопат коцките и нашата репрезентација заврши на второто место во групата Б, тогаш во главната фаза ќе се соочиме со силни ривали – Франција, Норвешка, Германија и Шпанија.

Овие четири репрезентации, покрај натпреварот против нас, би играле и против Данска, што ја прави оваа група вистински „пекол“.

Македонија и Романија ќе играат вечерва од 18:00 часот.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT