Машката ракометна репрезентација на Македонија со голот на Ненад Костески ја победи Романија, 24:23, во последното коло од групната фаза на Европското првенство, кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска.
За пласман во главната фаза, односно во ТОП 12, ни треба чудо – победа на Данска против Португалија со 18 голови разлика.
Братот на Ненад, Никола, ја коментираше освоената победа и смета дека решавачкиот гол на неговиот брат бил дар од Господ.
„Бевме подготвени да го добиеме овој натпревар и да бркаме поголема разлика, но работите не одеа баш според планот. Неколкупати се обидувавме да се одлепиме на шест гола разлика, ривалот постојано се враќаше и не успеавме да стигнеме до таа повисока предност. Но, што е тука е – победивме. Голот на брат ми беше дар од Господ, да се радуваме на оваа победа“, изјави Никола Костески.