Кузмановски: Горд сум на момците, оваа генерација ветува многу за во иднина

58

Машката репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство на 14. позиција, со биланс од една победа, едно реми и еден пораз.

Избраниците на Кирил Лазаров на денешниот меч против Романија, со голот на Ненад Костески, успеаја да стигнат до победа и да го освојат третото место во својата група.

Тоа значи дека Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство 2027 ќе игра само еден бараж дуел.

Капитенот Филип Кузмановски, кој одигра одлично на сите три натпревари, истакна дека елиминацијата не го отсликува вистинскиот квалитет на македонската репрезентација.

„Мораме да бидеме задоволни со победа на Европско првенство. Можеби очекувавме повеќе, бидејќи имаме поголем квалитет од тоа што го покажува резултатот. Во второто полувреме влеговме со голем притисок, бркајќи разлика за пласман во главната фаза, но не успеавме. Сепак, треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе и мислам дека заслуживме место во главната фаза. Горд сум на момците, одигравме уште еден добар натпревар, покажавме дека веруваме во себе и оваа генерација ветува многу за иднината“, изјави Кузмановски.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT