Моќен панел во Давос под модерација на Михаела Ѓорчева од МСУ

71

Михаела Ѓорчева од МСУ модерираше моќен панел на кој говореа ко-основачот на компанијата Тетрис, Хенк Роџерс, генералниот секретар на Интерпарламентарната Унија, Мартин Чунгонг, и директорка за инвестиции од индиска компанија, Арти Гупта.

Панелот со наслов „Геополитика и моќ: Жени на чело на глобалното влијание“ отвори длабоки теми за улогата на жените во геополитиката, технолошкиот напредок и глобалното лидерство.

Настанот е организиран од Women Inspiring Network, организација која работи на едуцирање на жените во бизнисот во Индија и привлече значајно внимание од меѓународната публика во Давос.

Настанот беше поддржан од Меѓународен Славјански Универзитет и се одржа на 22 јануари, за време на Светскиот економски форум во Давос.

На истиот настан Михаела Ѓорчева настапи и како панелист на тема „Иднината на капиталот: Финансирање на инклузивни иновации“, заедно со панелисти од САД и Индија, а учествуваше и на уште петнаесетина други настани.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT