„14. место на ЕП е успех со оглед на тоа кои ни беа ривали и колкава држава сме“

116

Министерот за спорт на Македонија, Борко Ристовски, во вчерашното гостување на Канал 5 телевизија изрази задоволство од постигнатите резултати на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Македонија во групната фаза на континенталниот собир за ривали ги имаше Данска, Португалија и Романија. Иако не успеа да избори пласман во главната фаза, со одличната партија против Португалија – селекција која настапи во полуфиналето на Светското првенство, покажа дека може рамноправно да се носи и со најсилните репрезентации.

„Доколку се земе предвид колкава држава сме и кои ни беа ривалите во групата, тогаш треба да бидеме задоволни од освоеното 14. место на Европското првенство“, истакна Ристовски.

Следен предизвик за Македонија ќе биде бараж дуелот со пласман на Светското првенство 2027.

 

Ристовски: На Лазаров треба да му се оддаде признание за сè што направил и прави за македонскиот ракомет

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT