📷Јока и на 39 години плени со изгледот
Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ, и на 39-годишна возраст сè уште важи за една од најубавите поранешни ракометарки на овие простори.
Радичевиќ, која остави длабока трага во црвено-црниот дрес и беше една од миленичките на вардаровата публика, иако повеќе не е активна на ракометните терени, очигледно не запоставува ништо кога станува збор за физичката форма.

Популарната Јока со репрезентацијата на Црна Гора го освои златниот медал на Европското првенство во 2012 година, а истата година се закити и со сребро на Олимписките игри во Лондон. Десет години подоцна, во 2022 година, на Европското првенство чиј ко-домаќини беа Црна Гора и Македонија заедно со Словенија, повторно стигна до бронза.
На клупско ниво, во сезона 2012/13 ја освои титулата во Лигата на шампионите со Ѓер. Во дресот на Вардар настапуваше пет сезони и пет пати заедно со поранешниот македонски шампион играше на Ф4 турнирот во најквалитетното европско натпреварување.
Зад себе има и големи индивидуални признанија од Европските и Светските првенства, како и од Лигата на шампионите.
Во својата богата кариера настапуваше и за Будуќност, Крим, ЧСМ Букурешт и Кастамону.