За неполни 24 часа битолчани и прилепчани одиграа два меча

85

Едни од тимовите кои ќе атакуваат на пласман во плеј-оф фазата во најквалитетното домашно ракометно натпреварување, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп, за неполни 24 часа одиграа два контролни дуела.

На првиот тест меч, кој беше одигран вчера во Прилеп, победата ја однесоа младите битолчани со два гола разлика, 24:22, додека на денешната контролка во Битола, подобри беа гостите со 23:33.

Еурофарм Пелистер 2 по едногодишна пауза повторно се врати меѓу најдобрите во Македонија и има големи шанси да избори пласман во плеј-офот, односно да се бори за излез на европска сцена.

Од друга страна, прилепчани имаат потежок распоред во последните четири кола од регуларниот дел, но математички сè уште се во игра за ТОП 6.

Избраниците на Зарков во последните четири кола од регуларниот дел ќе се соочат со Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Радовиш и Струга, додека Прилеп го очекувааат дуелите со Охрид, Тиквеш, Еурофарм Пелистер и Радовиш.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT