Тиквеш со фуриозна последна четвртина до победа против Гостивар

93

Денеска стартуваше вториот дел од сезоната во најквалитетното домашно кошаркарско натпреварување, а Тиквеш пред својата публика славеше над Гостивар со 81:73 (21:23, 21:21, 13:17, 26:12).

Кавадарчани до победата дојдоа со одличната игра во последната четвртина, а најзаслужен за триумфот беше Стефан Глигоријевиќ, кој забележа 23 поени, седум скока и една асистенција. Џаванте Хокинс постигна 21 поен. Кај Гостивар, Јован Црниќ беше најрасположен со 25 поени.

За Тиквеш ова беше четврта победа сезонава, додека Гостивар останува со само две победи.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT