Момчето кое ги мина сите младински категории на Младост Богданци и настапуваше за првиот тим, Антонио Николоски, одлучи да се испроба во интернационалните води.
Левиот бек, поранешен кадетски и младински репрезентативец на Македонија, се договори на соработка со босанскиот суперлигаш Слога Добој.
Станува збор за клуб кој одигра одлично во првиот дел од тековната сезона во босанскиот шампионат, а на европска сцена беше ривал на Охрид во рамките од 3. коло од Европскиот Куп.
Николоски во Слога Добој ќе остане најмалку до крајот на тековната сезона и ќе има можност да стекне големо интернационално искуство.