Од Веспрем открија: Настапот на Додиќ против Германија беше пресуден!

49

Пред неполн час, Веспрем официјално го промовираше Стефан Додиќ како ново засилување во тимот. Талентираниот 22-годишен организатор на играта во редовите на унгарскиот гигант пристигнува од Војводина, а со клубот потпиша договор до 30 јуни 2027 година, со можност за продолжување.

Додиќ, кој како ракометар се афирмираше во редовите на Металург, во Македонија настапуваше и за Вардар и Охрид, а во својата кариера го има носено дресот на Загреб и Целје.

Младиот српски ас ги мина сите младински селекции на својата татковина и стигна до сениорската репрезентација, во која важи за еден од клучните алки на ,,орлите”.

Од раководството на Веспрем истакнаа дека биле воодушевени од настапите на Додиќ на Европското првенство кое е во тек, особено од неговата партија против Германија.

„Го следевме уште на есен и собравме многу информации за него, а настапот на Европското првенство, посебно против Германија, целосно нè убеди. Имаме големи очекувања од него на долг рок“, изјави директорот на Веспрем, Чаба Барта.

Момечто кое што израсна во Автокоманда своето деби во дресот на Веспрем би можел да го има на 5 февруари.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT