Работнички денеска ќе се соочи со силната Војводина

226

Кошаркарите на Работнички денеска во Нови Сад ќе го одиграат вториот сезонски натпревар во АБА 2 лигата. Втор ривал на „центарци“ ќе биде екипата на Војводина, која е еден од главните фаворити за титулата и која во првото коло триумфираше над Босна со 77:68. Работнички на првиот дуел пред својата публика загуби од Сутјеска со 71:58, па така денешното гостување во Нови Сад ќе биде еден обид за прикажување на подобра игра. Македонскиот тим против Војводина ќе настапи без еден од двајцата интернационалци, колку што и останаа. Станува збор за 25-годишниот Михајло Јовичиќ. Имено, српскиот плејмејкер заработил повреда овој викенд, односно пред домашниот натпревар со Феникс.

Денешниот натпревар на Работнички со Војводина ќе се одигра во арената „Спенс“, со почеток од 18:00 часот.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе