Амбициозниот Младост од Богданци, кој заврши како првопласиран во есенскиот дел од прволигашката конкуренција, ќе биде посилен со средниот бек Марио Миланов.
Станува збор за ракометар со суперлигашко искуство акумулирано низ настапи за Голден Арт и Борец ФЛ, а во својата кариера го носеше дресот и на Шампион и Бутел Скопје.
Миланов ги мина сите младински категории на Вардар, со кој бележеше одлични резултати на терените.
Двете страни се договорија на соработка најмалку до крајот на тековната сезона.