Кавадарчани победнички си заминаа од Гевгелија

100

Кошаркарите на Тиквеш на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф ја остварија втората победа во низа, откако среќата ги посака на крајот и трумфираа со 79-78.

Сега кавадарчани имаат скор од 5-8 во најквалитетното домашно натпреварување, а со освоените два бода на тешкото гостување си ги зголемија шансите за опстанок.

По израмнето прво полувреме, во кое двата тима имаа по една блескава четвртина и на одмор заминаа со нерешени 41-41, неизвесноста продолжи и во вториот дел од средбата.

Натпреварот се движеше во егал-ритам до самиот финиш, а прашањето за победникот беше отворено до последниот напад.

Сепак, повеќе смиреност во завршницата покажаа гостите од Кавадарци, кои на крајот заслужено се радуваа на триумф. Домаќинот имаше шанса за победа, но нападот не беше реализиран.

Кај победничкиот состав се истакна Персонс со 23 постигнати поени, додека кај домаќините најефикасен беше Вашингтон, исто така со 23 поени.

Во следното коло Кожув го очекува гостување кај Гостивар, а Тиквеш пред својата публика во Кавадарци ќе го пречека тимот на Работнички.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT