Вардарки го освоија трофејот на турнирот „Атлетик и пријателите“

66

Женскиот тим на Вардар е првиот освојувач на трофејот на меѓународниот турнир „Атлетик и пријателите“, кој за првпат беше организиран од страна на прволигашот Атлетик, кој најверојатно следната сезона ќе игра во најквалитетното женско сениорско натпреварување.

Вардарки во последното, трето коло, убедливо го совладаа  Куманово со 35-22, во натпревар кој имаше карактер на финале.

Во претходниот натпревар од истото коло, домаќинот Атлетик одигра без победник против Будуќност 2 (21:21), резултат со кој двете екипи ги загубија шансите за трофејот.

Интересно е што по првите два натпреварувачки дена сите четири екипи имаа идентичен скор, односно по една победа и еден пораз.

На крајот, Атлетик го освои второто место, третопласирана беше екипата на Будуќност 2, додека Куманово го заокружи настапот со четвртата позиција на турнирот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT