Мега Баскет без пардон против Младинец

32

Мега Баскет од Прилеп во последното, 14. коло од првиот дел од тековната сезона во прволигашката конкуренција на свој терен забележа убедлива победа над Младинец со 118:84. На првата меѓусебна пресметка, прилепската екипа триумфираше со 88:57.

Прилепчани веќе имаа обезбедено место во плеј-оф фазата, но пред своите навивачи не дозволија изненадување од страна на „фенерџијата“. Одиграа максимално ангажирано, гостите парираа колку што им дозволија домаќините, но поголеми возбудувања на овој меч немаше.

Победничката екипа ја предводеа искусните Роберт Димитриевски со 25 и Владимир Враниќ со 18 поени, додека Кристијан Домлески и Бојан Стевановски постигнаа по 13 поени. Кај гостите, поентерски расположен беше Атанасие Мантев (23) а Лука Шуменковски додаде 17.

За Мега Баскет, кој со Вардар, Водно Санс и Охрид патува во прволигашкиот плеј-оф од групата А, ова беше 10-та сезонска победа.

ТАБЕЛА – ГРУПА А

1. Вардар 12 10 2 1106:847 (22)
2. Мега Баскет 12 10 2 1116:975 (22)
3. Водно Санс 12 6 6 1041:951 (18)
4. Охрид 12 6 6 905:893 (18)
5. Црн Дрим 12 5 7 949:965 (17)
6. Тетекс ТТК 12 5 7 872:979 (17)
7. Младинец 12 0 12 846:1182 (12)

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT