Изгласана иницијативата на Матевски – Работнички ќе добие инјекција од 4,5 милиони денари

299

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички ќе добие финансиска инјекција од Општина Центар, со цел да се смири финансиската криза и клубот да може нормално да функционира. Финансиската помош од Општина Центар, која е целосен сопственик на клубот, изнесува 4,5 милиони денари. Оваа позитивна вест за „центарци“ ја сподели советникот Ненад Матевски, на чија иницијатива всушност дојде до вонредна седница во Општина Центар, па така точката на дневниот ред за пренамена на средства, односно финансиска помош за Работнички, беше изгласана од страна на советниците. Причината за финансиската криза во Работнички е доцнењето на ваучерите за новата натпреварувачка сезона.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе