Најдобриот стрелец во Асобал лигата од 2023 година и повремен репрезентативец на Португалија, Јоаким Назаре, би можел да го засили најтрофејниот хрватски клуб Загреб, пренесуваат данските медиуми.
24-годишниот ракометар, кој настапува на позицијата десен бек, од сезоната 2023/24 игра во Данска, каде го носи дресот на еден од најдобрите тамошни клубови – Скјерн.
Во својата прва сезона во редовите на Скјерн, Назаре постигна 58 погодоци во Лигата на Европа, со што уште еднаш ги потврди своите одлични квалитети.
Младиот Португалец во интернационалната кариера настапуваше и за Куенка, додека во татковината ги носеше дресовите на Боа Хора, Виторија и Бенфика, клуб во кој ги мина сите младински селекции и стигна до сениорскиот тим.