Николоски со Слога Добој ќе се бори за трофеј

87

Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија, Антонио Николоски, кој пред неколку дена направи трансфер во Слога Добој, би можел со трофеј да го започне својот прв интернационален предизвик.

Николоски заедно со Слога Добој ќе се бори за трофејот во Свесрпскиот куп, во кој учествуваат најдобрите две екипи од Србија и Република Српска.

Во првото полуфинале, тимот на Слога Добој славеше над Леотар со 27:24, а Македонецот главно имаше задачи во одбраната и даде свој придонес во победата.

Ривал на Николоски и неговите соиграчи во финалето ќе биде Партизан, кој во второто полуфинале неочекувано славеше убедливо над Војводина со 34:23.

Домаќин на овогодинешното издание на Свесрпскиот куп е градот Ниш. Финалето е закажано за утре од 18:00 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT