Eден од најдобрите прволигашки играчи стави крај на кариерата

450

Ракометарот Ѓорѓи Дука, кој во последните четири сезони беше меѓу најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција, одлучи да стави крај на својата кариера, потврди довчерашниот член на Драчево за Спортска Димензија.

Иако има само 26 години, десниот бек реши повеќе да се посвети на приватниот живот и да го остави ракометот зад себе.

Дука во сезона 2022/23 пристигна во редовите на Драчево од некогашниот суперлигаш Работнички, а претходно настапуваше и за екипите на Македонија Ѓорче Петров, Пролет и Вардар Јуниор.

Како ќе се снајде Драчево без големото искуство на Дука, останува да видиме во продолжението од сезоната.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT