Прволигашот Партизан Гевгелија за продолжението од тековната сезона доби квалитетни засилувања со суперлигашко искуство.
Станува збор за довчерашниот член на Радовиш, Илија Табаков, како и за поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Стојанчо Наумовски.
Табаков потекнува од велешката ракометна школа, има настапувано и за Бутел Скопје, а пред преселбата во Радовиш играше во родниот град.
Наумовски досега настапуваше за Младост Богданци, клуб кој посветено работи со младинските категории и кој е на добар пат да се врати во елитата.
Партизан Гевгелија есенскиот дел од сезоната го заврши со биланс од шест победи и седум порази.