Се вратија Еспиња и Лазаревски, Вардар со убедлива победа го започна продолжението

76

Ракометарите на Вардар, во натпревар од 19. коло од Супер лигата, немаа поголеми проблеми да стигнат до убедлива победа против Куманово, триумфирајќи со 30:20.

Тренерот Иван Чупиќ овој дуел го искористи за да им даде шанса на ракометарите со помала минутажа, додека гостите од Куманово одиграа онолку колку што им дозволија „црвено-црните“.

На полувреме резултатот беше 13:6, а по 40 минути игра тимот на Вардар имаше примено само десет гола. Во редовите на Вардар се вратија и повредените – голманот Мигел Еспиња и кружниот напаѓач Милан Лазаревски.

Најефикасен кај Вардар беше Јака Малус со осум погодоци, додека кај Куманово половина од головите ги постигна Тоше Ончев.

Супер лига, мажи, 19. коло, резултати:
Вардар – Куманово 30:20
Охрид – Прилеп 28:17
07/02, 16:00, Струга – Бутел
07/02, 18:00, Тиквеш – Радовиш
07/02, 18:00 Алкалоид – Прилеп

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT