Екипата на Бутел Скопје во натпревар од 19. коло од Супер лигата на гостувањето во Струга кај истоимената екипа немаше никакви проблеми и забележа убедлива победа изразена со 11 гола разлика, 35:24.
Одличен натпревар во редовите на гостинската екипа одигра десниот бек Димитар Узунчев, еден од најголемите потенцијали во македонскиот ракомет.
Поранешниот кадетски и младински репрезентативец на Македонија натпреварот го заврши со девет погодоци (сите од игра), а зад своето име запиша и две асистенции.
Неговиот брат Тодор исто така ја оправда дадената шанса од тренерот Горан Кузманоски и постигна четири погодоци од пет обиди.
Бутелци се на добар пат да обезбедат пласман во плеј-оф фазата и повторно да се борат за настап во Европа.