Екипата на Младост Богданци имаше одлични подготовки за вториот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.
Младост Богданци есенскиот дел го заврши како лидер во Првата лига, без загубен бод, со 12 победи од исто толку натпревари и е на добар пат да направи кам-бек во најквалитетното домашно ракометно натпреварување.
Горан Андоновски во интервју за спортскиот портал „Спортска Мрежа“ зборуваше за досегашниот тек од сезоната, амбициите на клубот и поддршката што ја има тимот.
„Имаме огромна поддршка од Општина Богданци, од управата на клубот и од нашите навивачи кои ја полнат салата. Работиме чесно и одговорно и засега повеќе од успешно чекориме кон зацртаната цел – пласман во Супер лигата. Богданци и Младост заслужуваат елитен македонски ракомет и се надевам дека сите заедно ќе се радуваме во мај“, изјави Андоновски.
Вториот дел од сезоната продолжува овој викенд, а Младост Богданци во рамките на 15. коло ќе го пречека Партизан од Гевгелија.