По зимската пауза, викендов продолжуваат натпреварите во Женската Супер лига, како и во Првата лига.
Во прволигашката конкуренција, пролетниот дел од сезоната ќе биде отворен со дуелот меѓу Шампион и Стружанка.
Екипите што го делат второто место на табелата со по 16 бодови, Овче Поле Славјански Универзитет и Ѓорче Петров 2 ќе играат против Атлетик, односно Јехона.
Избраничките на Илија Бетувски на првата пресметка со Атлетик беа поразени со 35:26, но домаќинките за саботниот дуел очекуваат силна поддршка од трибините и поквалитетно издание.
Младиот состав на Јехона пред својата публика ќе го пречека Ѓорче Петров 2, кој во Гостивар ќе допатува како голем фаворит и не би требало да има проблеми да ја обезбеди деветтата сезонска победа.
Прва женска лига, 14. коло, распоред:
14.02, 14:00, Шампион – Стружанка
14.02, 17:00, Овче Поле Славјански Универзитет – Атлетик
15.02, 17:00, Јехона – Ѓорче Петров 2
Деспина – слоб.
ТАБЕЛА
