Екс голман на Струга се врати на голот по долга пауза и беше одличен против ПСЖ

56

Еден од голманите што мина низ македонската Супер лига е и репрезентативецот на Црна Гора, Никола Матовиќ.

Црногорецот во Македонија настапуваше за Струга во сезоната 2021/22, по што од македонскиот суперлигаш направи трансфер во Шведска.

Во летото 2024 година се пресели во Франција, каде што потпиша за Саран и во францускиот клуб се наметна како една од главните алки во тимот.

Саран во четвртфиналето од Купот на Франција за противник го имаше ПСЖ. Иако парираше колку што можеше, „светците“ славеа со 30:25.

Матовиќ по десетмесечна пауза се врати на терените и токму против ПСЖ имаше солиден настап на голот,  средбата ја заврши со девет интервенции.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT