Тиквеш падна под Марковите Кули, Прилеп остана во трка за плеј-офот

238

Екипата на Тиквеш беше изненадена на гостувањето во Прилеп кај истоимената екипа, откако загуби во натпреварот од 20. коло од Супер лигата со 33:26.

Оваа победа за прилепчани годи, бидејќи на домашен терен имаат добиено уште еден конкурент за плеј-офот, тимот на Бутел, па избраниците на Наум Танески покажуваат дека во Прилеп тешко се освојуваат бодови.

Кавадарчани натпреварот го загубија уште во првото полувреме, кое го отворија многу лошо. Во воведните минути имаа негатива од 4:0, а на паузата домаќините заминаа со предност од пет гола, 16:11.

Во вториот дел гостите никако не успеваа да фатат ритам и да заиграат според посакуваното, па при водство на Прилеп од 26:20 во 45. минута веќе беше јасно дека Тиквеш го очекува тешка задача до самиот крај.

Најефикасен кај домаќините беше Димитар Димитриоски со девет погодоци, додека кај Тиквеш, а воедно и на натпреварот, тоа беше Димитар Коцев со 13 реализации.

Доколку Тиквеш победеше вечерва, ќе обезбедеше пласман во плеј-офот, но сега во последните две колa, против Куманово и Бутел, ќе мора да го даде максимумот за повторно да избори место во ТОП 6.

Со оваа победа Прилеп се доближи на само два бода до Тиквеш и Бутел, екипи кои досега освоија по 20 бодови.

Во последните две кола, тимот на Прилеп ќе игра против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и Радовиш.

Супер лига, 20. коло, резултати:
Бутел Скопје – Вардар 23:34 (12:20)
Куманово –  Охрид 14:30 (5:15)
Еурофарм Пелистер 2 – Алкалоид 22:36 (12:20)
Радовиш – Еурофарм Пелистер 17:42 (11:16)
Пролет – Струга 28:28 (18:14)
Прилеп – Тиквеш 33:26 (16:11)

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT