Македонскиот вицепрвак Вардар за продолжението од сезоната ќе биде посилен со Србинот Вукашин Воркапиќ. Десното крило на Војводина е веќе на пат кон Скопје и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб во наредните денови, пишува „Моцарт Спорт“.
Иако првичниот план беше Воркапиќ да се приклучи од следната сезона, управата на „црвено-црните“ успеа да го реализира трансферот порано и да го доведе 28-годишниот ракометар уште во зимскиот преоден рок.
Со тоа, Вардар добива квалитетно решение на позицијата десно крило во клучен дел од натпреварувачката година.
Воркапиќ својата кариера ја градеше во Металопластика, каде што се афирмираше и стигна до статус на стандарден репрезентативец на Србија. Во 2021 година замина во Франција и две сезони настапуваше за Иври, по што се врати во Србија, потпишувајќи за Војводина.