Димитар Коцев даде 13 гола и со шрауба ги почести прилепчани (ВИДЕО)

Одличната партија на Коцев не беше доволно за поволен резултат на гостите.

132

Ракометарите на Тиквеш во натпревар од 20. коло од Супер лигата беа поразени на гостувањето во Прилеп со 33:26.

Одлична партија во гостинската екипа имаше Димитар Коцев, кој постигна 13 погодоци од 15 обиди, а еден од нив беше посебно атрактивен.

Капитенот Страхиња Симиќ имаше фантастична асистенција од зад грб кон Коцев, а тој со шрауба ги почести прилепчани.

Погледнете…

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT