Утре стартува вториот дел во Првата лига: Лидерот Младост домаќин на Партизан

73

Утре со натпреварот меѓу Младост и Партизан од Гевгелија ќе започне вториот дел од сезоната во прволигашката конкуренција.

Лидерот Младост, кој есенскиот дел го заврши без загубен бод, пред својата публика ќе го пречека Партизан. Избраниците на Горан Андоновски се големи фаворити во утрешниот меч, па се очекува да нема многу неизвесност во спортската сала ,,Млаз”.

Второпласираниот Мулти Есенс, в недела ќе игра против Шампион, додека Драчево Јуниор и Вардар Неготино, екипи кои се наоѓаат зад ,,двојката” за ривали во 15. коло ги имаат Аеродром, односно Кичево.

Прва лига, мажи, 15. коло, распоред:
14/02, 16:00, Младост – Партизан
14/02, 18:30, Драчево Јуниор – Аеродром
15/02, 17:00 Шампион – Мулти Есенс
15/02, 18:00, Кичево – Вардар Неготино
15/02, 19:00, Текстилец – Преспа
15/02, 19:00, Овче Поле – Македонија Ѓорче Петров
Јехона – слоб.

ТАБЕЛА

Првопласираниот обезбедува директен влез во Супер лигата за следната сезона, а второпласираниот ќе игра суперлигашки бараж.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT