Прилепчани парираа во Битола, Николоски дебитираше во шампионатот на БиХ

161

Денеска стартуваше новото, 21. коло од Супер лига, кое е претпоследно во регуларниот дел од сезоната. На три одиграни натпревари немаше изненадувања, а највозбудливо беше во Битола, каде што Прилеп одлично му парираше на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, но сепак остана без бодови. Алкалоид немаше поголеми проблеми против Струга, додека Вардар рутински ја одработи задачата против Пролет.

Супер лига, 21. коло, резултати:
Еурофарм Пелистер – Прилеп 32:27 (16:12)
Струга – Алкалоид 20:41 (9:21)
Вардар – Пролет 38:22 (19:9)

Довчерашниот член на Младост Богданци, Антонио Николоски, кој во вториот дел од сезоната го има својот прв интернационален предизвик настапувајќи за Слога Добој, го забележа и својот деби настап во босанскиот шампионат. Откако претходно дебитираше за Слога Добој на натпреварите од Свесрпскиот куп, во мечот од 14. коло во првенството на БиХ беше дел од составот против Горажде. Слога Добој славеше со 33:31, а Македонецот даде свој придонес со два погодоци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT