Десетка на Маркоски, Еурофарм Пелистер 2 освои важни бодови во трката за плеј-оф

109

Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 21. коло од Супер лигата славеше над Радовиш со 37:26 (21:13) и со освоената победа остана во игра за пласман во плеј-оф фазата.

Младите пелистерци сега имаат 19 бодови, еден повеќе од Прилеп, а два помалку од Бутел Скопје и Тиквеш. Избраниците на Зарков во последното коло од регуларниот дел ќе играат против Струга и, доколку им се поклопат резултатите на конкурентите, тогаш би биле во ТОП 6.

Денешниот меч во Радовиш мина во знакот на кружниот напаѓач Петар Маркоски, кој постигна десет погодоци во мрежата на домаќините, а поддршка имаше од бековите Мохамед Азиз и Христијан Митревски кои постигнаа по шест погодоци, а пет додаде Ненад Белистојаноски.

Кај домаќините се истакнаа Славе Јанковски со седум и Васе Петров со шест погодоци.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT