За помалку од 2 часа е распродадена салата во Куманово за финалниот меч од Купот

104

Купот на Македонија, кој го носи името „Благоја Георгиевски – Буштур“, стигна до својата завршница, а за пехарот ќе се борат Куманово и МЗТ Скопје Аеродром.

За кумановци ова е историско финале како домаќини на турнирот, додека скопскиот состав повторно ќе се бори за нов трофеј во својата богата клупска историја.

За рекордно време е целосно распродадена салата во Куманово, па така избраниците на Докузовски ќе имаат поддршка од нешто повеќе од 3500 навивачи.

Финалниот дуел во Куманово е закажан со почеток од 19:00 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT